Зачестеното одбивање на барањата за издавање работни визи на странските новинари во Тајланд и воведување построга контрола на движењето и известувањето на акредитираните и слобидните новинари и фоторепортери во повеќето од десетте држави на АСЕАН, предизвикува загриженост на меѓународните новинарски организации.
Во текот на претстојнава недела властите во Тајланд, Виетнам, Лаос, Индонезија и Мјанмар ќе треба да се позанимаваат со сериозните збаелешки и барања на новинарските асоцијации, во чија основа е барањето за укинување на ограничувањето на просторот за работа и слободата на медиумите објективно да известуваат за настаните во југоисточна Азија.
Воените власти во Тајланд на 21 март годинава објавија нов, ригорозен, правилник за стаусот и правата на известување на странските новинари, според кој, само акредитирани новинари на официјалните новински агенции од странство ќе можат по автоматизам да добиваат или да ја продлжуваат работната дозвола.
Без дозвола за работа и престој,’ медиумски работници се соочуваат со казни затвор и протерувањеод државата. Со оваа мерка Тајланд го загуби епитетот, според кој беше, најфер држава за престој на странски новинари.
Во поддршка на барањата за обезбедување на услови за работа на странските известувачи од државите на АСЕАН се наведени бројни примери на пракси кои отстапуваат од вообичаените во свтеот.
Најлошо минувале странските известувачи во Лаос, Мјанмар и Индонезија. Од лани и Малезија станала „опасно место за новинарска работа’’, бидејки по избивањето на скандалот со открините 687 милиони на долари на приватната сметка на малезискиот премиер, актуелна власт практикува вистинска хајка против новинарите кои се занимаваат со аферата. Неколку апсења и протерувања доживеаја и странски новинари во Сингапур.
Кон барањата за создавање на нормални услови за работа на странските, но и на домашните известувачи, се придружи и Хјуман рајтс воч, која во извештајот за медиумите во југоисточна Азија во 2015 година наведува повеќе десетици примери на несоодветно однесување на властите во однос на прокламираните слободи, но и формално прокламираните права на известување.