Американката Торилена Меј Филдс од Кентаки е уапсена откако во нејзиниот двор е пронајдено распарченото тело на нејзината мајка Труди.
Телото го пронашол маж кој работел на фарма одалежена околу 80 километри југоисточно од Синсинати, пренесе АП.
Подоцна, човечки останки биле пронајдени и во тенџере во рерната во куќата.
Кога пристигнала полицијата, Меј Филдс имала крв на лицето, рацете и облеката.
Пребарувајќи ја куќата, полицајците во рерната пронашле челичен тенџере со човечки останки, а тенџерето „сеуште било топло на допир“, соопшти полицијата, додавајќи дека жртвата е мајка на уапсената жена.
Човекот кој повикал полиција рекол дека Торилена Меј Филдс можеби користела дрога.