„Десната рака“ на Бајден ја напушта Белата куќа

Од:

Стивен Гепферт, личниот помошник на американскиот претседател Џо Бајден, ја напушта Белата куќа за работно место во Одделот за транспорт. Станува збор за лице од тимот на Бајден, кое беше до претседателот на САД на секој важен настан од првите месеци од неговата кампања за претседател во 2020 година, јави Си-Ен-Ен.

„Од кампањата до Белата куќа, Стивен Гепферт беше покрај мене. Во големи, мали и извонредни моменти, тој беше доверлив и лојален човек на кого сите сметаат и кој секогаш ги завршува обврските. Ќе ни недостига Стивен и мене и на Џил, но, ние сме горди што тој ќе продолжи да му служи на американскиот народ на неговата нова позиција во администрацијата Бајден – Харис, продолжувајќи ја својата кариера во јавна служба“, се наведува во соопштението на претседателот на САД.

Местото на Гепферт ќе го заземе Џејкоб Спрејер.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Пропалестинските демонстранти планираат да ја опколат Белата куќа

Возач е приведен откако удрил во надворешната порта на Белата куќа

САД немаат непријателски намери кон Северна Кореја

Горан Наумовски

Џеф Зајентс е нов шеф на кабинет на американскиот претседател

Белата куќа со загриженост за развојот на иранската нуклеарна програма

Белата куќа ја поздрави извонредната победа на Украина во Херсон

Горан Наумовски