Десет лица загинаа вчера во пожар во станбена зграда на нафтени работници во Саудиска Арабија, соопшти Службата за цивилна заштита, пренесува бугарската новинска агенција БТА.
Саудиската национална нафтена компанија АРАМКО соопшти дека причината за пожарот во град Хобарт се уште не е позната.
Според компанијата во пожарот повредени се и 83 лица.