Дали има и Џокер два?

Од:

Паника во државата Охајо и страв од Џокер два. Полицијата уапсила еден маж кај кого, додека ја следел кино проекцијата на новиот филм „Бетмен“, била пронајдена торба со оружје и поголема количина муниција.

Кај 37-годишниот Скот Смит нашле торба со еден пиштол, четири ножа и големо количество муниција.

Настанот ги вознемири жителите и надлежните, бидејќи, се потсетија на трагедијата од пред еден месец, , кога Џејмс Холмс, кој се поистоветува со Џокер, негативецот од филмот Бетмен, додека траеше кино проекцијата на новиот филм за Бетмен уби 12, а рани над 60 лица кои се наоѓале во кино салата и го следеле филмот.

Пред десетина дена полицијата во Колорадо уапси едно лице кое телефонски се заканувало до вработените на една фирма,од каде бил избркан од работа, дека сите ќе ги убие, притоа претставувајки се како Џокер.

Би можело да ве интересира

Повторно престрелка во Аурора, три лица убиени

Емир Латифовиќ

Холмс инвестирал илјадници долари во крвавиот напад

Емир Латифовиќ

Ранета во стомакот во масакрот во Аурора успеала да го задржи бебето

Емир Латифовиќ

Убиецот на првото судење гледаше само во своите раце

Емир Латифовиќ

Ја заштитил со своето тело од куршумите на премиерата на Бетмен

Емир Латифовиќ