Бројот на жртви по уривањето на покрив во ноќен клуб во Доминиканската Република се искачи на 27

Од:

Најмалку 27 лица загинаа, а повеќе од 100 други се повредени по уривањето на покрив во ноќен клуб во Доминиканската Република, изјави шефот на агенцијата за помош при катастрофи Хуан Мануел Мендез.

Делови од покривот се урнаа врз посетителите на забавата за време на концертот на пејачот Руби Перез. Според медиумите, меѓу повредените е и музичарот, кој е популарен во Латинска Америка.

Спасувачите бараа затрупани жртви под урнатините со помош на термални камери.

– Продолжуваме да работиме и да бараме луѓе под урнатините. Претпоставуваме дека многу од нив се уште се живи и затоа властите нема да се откажат овде додека не се извлече и последниот човек од урнатините, рече Мендез.

Претседателот Луис Абинадер го посети местото на катастрофата.

„Длабоко жалиме за трагедијата во ноќниот клуб Џет Сет“, напиша тој на „X“.

– Сите спасувачи ја даваат потребната поддршка и неуморно работат на спасувањето. Нашите молитви се со семејствата на погодените, додаде тој.

Би можело да ве интересира

Нов биланс: 231 жртва од уривањето на покривот на дискотеката во Доминиканска Република

А1он

Извештајот не ја разјасни причината за уривањето на покривот во преполниот ноќен клуб во Доминиканска Република

А1он

Бројот на загинати во уривањето на покривот на ноќниот клуб во Доминиканска Република се искачи на 221

А1он

ВИДЕО: Црниот биланс на загинати во ноќниот клуб во Доминикана расте

Пронајдено е телото на пејачот Руби Перез под остатоците на урнатиот клуб во Доминиканската Република во кој загинаа 113 лица

(ВИДЕО) Ноќниот клуб во кој падна покривот и усмрти 18 луѓе работи 50 години

А1он