Бројот на загинати во уривањето на покривот на ноќниот клуб во Доминиканска Република се искачи на 221

Од:

Бројот на загинати во уривањето на покривот на ноќниот клуб „Џет сет“ во главниот град на Доминиканската Република, Санто Доминго се искачи на најмалку 221, соопштија денеска властите, додека потрагата по исчезнатите продолжува.

Спасувачките тимови извлекоа речиси 200 преживеани од урнатините. Несреќата се случи на 8 април.

Меѓу жртвите е и гувернерката на северозападната провинција Монте Кристи, Нелси Круз, како и сестрата на седумкратниот учесник на Ол-стар тимот на МЛБ, бејзбол-ѕвездата Нелсон Круз.

Директорот на Центарот за вонредни ситуации, Хуан Мануел Мендез изјави дека спасувачките служби речиси целосно го пребарале местото на несреќата и дека останува да се пребара мал дел од клубот.

Би можело да ве интересира

Нов биланс: 231 жртва од уривањето на покривот на дискотеката во Доминиканска Република

А1он

Извештајот не ја разјасни причината за уривањето на покривот во преполниот ноќен клуб во Доминиканска Република

А1он

ВИДЕО: Црниот биланс на загинати во ноќниот клуб во Доминикана расте

Пронајдено е телото на пејачот Руби Перез под остатоците на урнатиот клуб во Доминиканската Република во кој загинаа 113 лица

Бројот на жртви по уривањето на покрив во ноќен клуб во Доминиканската Република се искачи на 27

А1он

(ВИДЕО) Ноќниот клуб во кој падна покривот и усмрти 18 луѓе работи 50 години

А1он