Бројот на загинати продолжува да расте. Досега е потврдено дека загинале 2.724 лица. Бројот на повредени се искачи на 13.580. Од нив, најмалку 11.119 се повредени во Турција, а 2.461 во Сирија.
Бројот на загинати во Турција е 1.651. Во Сирија тој број моментално е 1.073 лица. Од нив, 593 лица загинале во областите контролирани од режимот. Во областа контролирана од опозицијата, бројот на загинати се искачи на 480.
Се очекува бројот на загинати и повредени да продолжи да расте.