Британскиот министер за одбрана поднесе оставка

Од:

Британскиот министер за одбрана Бен Валас поднесе оставка. Тој ја извршуваше таа функција од 2019 година.

Валас испрати писмо со оставка до премиерот Риши Сунак, кој ја прифати оставката.

„По долго размислување, донесов одлука да побарам дозвола да се повлечам од моите должности“, се наведува во писмото.

Оставката ја најави кон средината на јули, кога најави и дека ќе се повлече од политиката.

Британски „Тајмс“ тогаш објави дека Валас има намера да ја напушти владата за време на редовните ротации во кабинетот што премиерот ги планира за септември.

Во интервју за весникот, Валас изјави дека е уморен од политиката и дека сака да ја заврши кариерата.

„Нема да учествувам на следните избори (што ќе се одржат до крајот на 2024 година). Влегов во политиката кога бев избран во шкотскиот парламент во 1999 година. Поминаа 24 години. Повеќе од седум години до мојот кревет имаше три телефони“, рече тој и додаде дека ќе остане на пратеничка должност до изборите.

Да потсетиме, британскиот министер до неодамна беше познат како еден од главните кандидати за шеф на НАТО.

На последниот самит на организацијата во Вилнус, тој ја критикуваше Украина дека е неблагодарна и покрај огромната воена помош што ја добива од Западот. Потоа изјави дека неговите зборови не се толкувани правилно.

Заедно со Вашингтон, Британија е една од земјите од кои Киев ја доби најголемата воена помош, вклучувајќи муниција со осиромашен ураниум, проектили „Storm Shadow“, беспилотни летала и тенкови „Challenger“.

Би можело да ве интересира

Велика Британија го зајакнува военото присуство на Арктикот

А1он