Британската мутација на коронавирусот потврдена во повеќе од една четвртина од тестовите во Данска

Од:

Британската мутација на коронавирусот е потврдена во повеќе од една четвртина тестови во Данска, соопшти денеска данскиот институт за здравство ССИ.

Мутацијата Б. 1.1.7 до вчера е откриена кај 28,5 проценти од примероците од првата недела на февруари, покажуваат првичните податоци на ССИ.

Една недела претходно, учеството беше 20,3 проценти, а на почетокот на годината 2,1 процент.

Британската мутација на вирусот за првпат е откриена во Данска во примероци земени на 14 ноември.

Оваа мутација е позаразна од другите.

Во Данска остануваат во сила строгите мерки за блокада поради стравот од новите мутации на вирусот, иако бројот на заразени лица опаѓа.

Британската мутација на вирусот досега е откриена кај 1.859 лица во Данска.

ССИ проценува дека овој месец оваа мутација најверојатно ќе стане доминантна.

Би можело да ве интересира

Четири нордиски држави ги укинуваат сите мерки

Данска планира да ги укине сите ковид-мерки до февруари

Данска ги заострува рестриктивните анти-ковид мерки

Данска укинува дел од рестриктивните мерки

Катерина Ѓуровски

Данска ќе ги олабави мерките кога сите над 50 години ќе бидат вакцинирани

Во Данска зголемен бројот заразени со британскиот вид коронавирус