Бразилец примил пет дози вакцина против Ковид-19, го фатиле во шестиот обид

Од:

Властите во Рио де Женеиро истражуваат како жител на градот успеал да прими пет дози од три различни вакцини против коронавирус.

Според официјалните податоци, човекот чие име не е соопштено почнал да се вакцинира во мај, потоа продолжил во јуни и во јули се додека не бил откриен од вработените на вакциналниот пункт во шестиот обид да прими вакцина.

Извештајот кој го објавија бразилските медиуми покажува дека човекот прво примил „Фајзер“ на 12. мај, потоа „Астра зенека“ на 5.јуни. следна била доза „Синовак“ на 17.јуни, а патоа упорниот Бразлец отишол по уште една доза „Фајзер“ на 17.јуни и завршил со доза „Синовак“ на 21.јули.

Властите првично сметале дека се работи за пропуст во системот, но извештајот на Општинското здравствено одделение покажал дека не е грешка.

Според извештатие човекот се чувствува добро.

Информацијата е објавена во период во кој во Бразил има недостаток од вакцини и милиони луѓе чекаат да ја примат првата доза.

Би можело да ве интересира

Над 100 милиони случаи на заразени со Ковид-19 на американскиот континент од почетокот на пандемијата

Министерот за здравство на Бразил позитивен на коронавирус на патувањето во ОН

ВИДЕО: Корупциски скандал со набавката на вакцини во Бразил, илјадници демонстранти бараат да си замине „геноцидниот“ Болсонаро

Бразил ја надмина бројката од половина милион починати од Ковид-19

Катерина Ѓуровски

Бразилскиот Сенат отвори истрага за Болсонаро за неговото управување со пандемијата

Бразилскиот сој коронавирус мутира и може да стане уште поопасен, покажуваат истражувањата

Катерина Ѓуровски