Борци на ИД од Мосул и се закануваат на САД со пораз во Ирак

Од:

Еден ден по почетокот на големата офанзива за ослободување на Мосул, радикалната група Исламска држава, преку видео снимка вети дека ќе ги порази Американците во Ирак, пренесува БТА.

Мосул е последното големо утврдување на џихадистите во оваа земја, а во нивни раце е од 2014 година.

Видео снимката е емитувана од пропагандната агенција на ИД, Амак. Според Амак, во неа се гледа како борците на ИД патролираат низ улиците на Мосул.

Еден од овие маскирани борци им ветува пораз на Американците во Ирак, кои ја предводат меѓународната коалиција за помош на ирачките сили во борбата со ИД.

– А тебе, Америко, се колнам во Алах, дека ќе те победиме во Ирак и ќе те избркаме победена и понижена од оваа земја, изјави маскираниот маж.

Тој потсети дека редица високо позиционирани лидери на ИД, убиени во американските воздушни напади, како Абу Мохамед ал Аднани, веќе на САД и ветуваа слична судбина.
Операцијата за ослободување на Мосул, што почна вчера, изнедри стравувања за хуманитарна катастрофа за локалното население, но и демотивирање на џихадистите, особено оние од странско потекло.

Загубата на Мосул ќе биде тежок удар за ИД, која во 2014 година од овој град го прогласи калифатот врз териториите под нејзина контрола во Ирак и Сирија, зебележаа француските медиуми.

Би можело да ве интересира

Околу 670.000 бегалци од Мосул се уште не се вратени во своите домови

Наум Локоски

Откриени се две масовни гробници покрај затворот на ИД во Мосул

Наум Локоски

Првпат по три години во Мосул пристигна голема хуманитарна пратка

Наум Локоски

Ирачките власти во Мосул уапсиле германска тинејџерка припадничка на ИД

Наум Локоски

Ирачкиот премиер прослави победа во Мосул

Наум Локоски

ЕУ: Ослободувањето на Мосул одлучувачка етапа во борбата против тероризмот

Наум Локоски