Блискоисточните мировни преговори би можеле да бидат обновени на 30 јули во Вашингтон, најави денеска израелскиот министер за регионална соработка Силван Шалом, додавајќи дека тоа сепак се уште не е сигурно.
– Се надеваме дека преговорите ќе почнат следната недела, можеби во вторник, но тоа не е сигурно. Ако нема измени во последен момент, сметам дека постои добра шанса преговорите да бидат обноват следната недела во Вашингтон, истакна Шалом на прес-конференција во Јерихон на Западниот Брег на отворање на индустриска зона.
Американскиот државен секретар Џон Кери минатата недела најави дека Израел и Палестинците ќе разговараат во главниот град на САД по речиси три години прекин во директните преговори.
Во понеделникот Белата куќа соопшти дека прелиминарните дискусии со главниот палестински преговарач Саеб Ерекат и неговата израелска колешка, министерката за правда Ципи Ливни ќе започнат во следните неколку недели, изразувајќи внимателен оптимизам во шансите за успех.