Брачната двојка Харолд и Рут Напке имаа шест деца, 14 внуци и осум правнуци. Нивната љубов траеше 65 години.
Починаа во недела, 11 август, со само 11 часа разлика. Харолд починал во 7,30 наутро на 91 година, а Рут починала 11 часа подоцна во 18,30 часот на 89 години, пишува „Тајмс“.
– Сите заклучивме дека тоа не е случајно, рече Карол Роми, едно од шесте деца.
Цело семејство нивната смрт ја гледа како продолжение на нивната нераскинлива љубов. Двојката се запознала за време на Втората светска војна и разменувале писма кога Харолд бил на другите континенти. Се венчале во Форт Рековери во Охајо, каде оформиле семејство и ги пораснале децата. Цело време биле биле посветени еден на друг.
– Веруваме дека сакале да бидат заедно и во наредниот живот како и во овој, рече Маргарет Напке, една од ќерките.
– Беа посветени еден на друг, никаде не одеа одвоено, додаде Роми.
Двојката е погребана на гробиштата блиску нивната куќа. Погребната поворка застанала кај семејната куќа каде сегашните жители го спуштиле знамето на половина копје во знак на почитување кон двојката.
Тие би ја прославиле 66-годишнината од бракот на 20 август.