Берлин, Париз и Варшава ветија помош за погодените од земјотресот во Турција и Сирија

Од:

Германија ќе испрати помош за регионите погодени од разорниот земјотрес во Турција и Сирија, кој однесе стотици животи. Ова го изјави сојузниот канцелар Олаф Шолц.

Францускиот претседател Емануел Макрон на Твитер објави дека Франција е „подготвена да обезбеди итна помош за населението“ во Турција и во Сирија. Тој изрази сочувство до роднините на загинатите.

„Изразувам искрено сочувство до мојот турски колега Мевлут Чавушоглу, неговата земја и турскиот народ“, објави шефицата на француската дипломатија Катрин Колона на Твитер, ветувајќи помош од Франција.

Таа не ги коментираше последиците за Сирија.

„Во врска со земјотресот во Турција и барањето на турските власти за помош, предложив на местото да се испрати засилен тим за пребарување и спасување“, објави полскиот министер за внатрешни работи Мариуш Камински на Твитер. Тој објасни дека се работи за тим од 76 спасувачи и осум кучиња.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес повторно ја погоди Турција

(ВИДЕО) Земјотрес со јачина од 5,9 степени ја погоди Турција

Горан Наумовски

Силен земјотрес ја погоди Турција

Земјотрес ја погоди Турција

Нов силен земјотрес ја погоди Турција

Земјотрес ја погоди Турција