Белата куќа со загриженост за развојот на иранската нуклеарна програма

Од:

Портпаролот на Белата куќа денеска ја изрази длабоката загриженост на САД за развојот на иранската нуклеарна програма, но не потврди дека Иран навистина почнал да произведува ураниум збогатен до 60 проценти во Фордо.

„Продолжуваме да гледаме со длабока загриженост не само на развојот на иранската нуклеарна програма, туку и на континуираното подобрување на неговите капацитети за балистички ракети“, изјави Џон Кирби, портпарол на Советот за национална безбедност на Белата куќа.

Тој рече дека САД ќе се погрижат американскиот претседател „да ги има сите потребни опции“.

„Ние секако не го сменивме нашиот став дека нема да дозволиме Иран да се здобие со нуклеарно оружје“, рече Кирби.

Би можело да ве интересира

Тајната служба застрела маж пред Белата куќа

Горан Наумовски

Трамп за враќањето во Белата куќа: Пристигнавме точно на време за да ја спасиме земјата

Пропалестинските демонстранти планираат да ја опколат Белата куќа

Возач е приведен откако удрил во надворешната порта на Белата куќа

САД немаат непријателски намери кон Северна Кореја

Горан Наумовски

Џеф Зајентс е нов шеф на кабинет на американскиот претседател