Авионот на компанијата „Ер Азија“, кој се урна во Јаванско Mоре, се вивнал на поголема висина со поголема брзина од вообичаената, а потоа „запрел“, покажуваат резултатите од истрагата.
– Во последните минути, авионот се качувал со преголема брзина од вообичаената – рече индонезискиот министер за сообраќај, Игнасиус Џонан, повикувајќи се на податоци добиени од радарските уреди.
Џонан соопшти дека авионот се движел со брзина поголема од 1.800 метри во минутa пред да падне.
– Мислам дека тоа е тешко и за борбен авион да се качува со таква брзина. За патнички авион не е предвидено да се качува со таа брзина – рече Џонан.
Авионот на „Ер Азија“ се урна на 28 декември минатата година, со 162 патници и членови на екипажот.