Авионот кој се урна го управуваше искусен пилот, а копилотот наскоро требаше да биде унапреден

Од:

Капетанот Џонатан Кампос (34) и копилотот Сем Лили (28) се меѓу 67-те жртви во авионската несреќа во Вашингтон, јавуваат медиумите.

До несреќата дојде кога авион на Американ Ерлајнс, со кој управуваа, се судри во воздух со воен хеликоптер „Блек Хок“.

Во авионот имаше 60 патници и четворица членови на екипажот, додека во хеликоптерот имаше три лица.

Официјални лица рекоа дека нема преживеани во несреќата, што ја прави најтешката авионска несреќа во САД од 2001 година.

Авионот кобната вечер го управуваше искусниот пилот Џонатан, додека копилот бил Сем, кој за неколку месеци требаше да биде унапреден во капетан.

– Бев толку горд кога Сем стана пилот. Сега сè ме боли толку многу што не можам ниту да плачам, ниту да спијам. Знам дека повторно ќе го видам, но срцето ми се кине. Одлично се снаоѓаше и на работа и во приватниот живот. Тие требаше да се венчаат наесен – напиша таткото на Сем на Фејсбук.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Murat Herdem (@herdem_aviation)

Тој рече дека е уништен кога сфати дека несреќата во Вашингтон се совпаѓа со распоредот на летот на неговиот син.

„Ја повикав неговата свршеница и и ја соопштив веста. Тоа беше многу горчливо апче. Го сакаа толку многу луѓе” – рече таткото со скршено срце.

Несреќата се случи синоќа кога авионот со 64 лица се судри со воен хеликоптер Блек Хок со тројца војници и се урна во реката Потомак додека се обидуваше да слета на аеродромот Роналд Реган во близина на Вашингтон.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Авион се преврте на писта во Торонто

А1он

Пронајдени телата на сите 67 жртви по судирот на авионот и хеликоптерот во Вашингтон

А1он

Последната објава на американскиот лизгач беше од авионот на смртта

А1он

Нема преживеани во судирот на патнички авион и хеликоптер во Вашингтон

А1он

(ВИДЕО) Се урна мал авион во Австралија, тројца загинати

А1он

Падот на авионот во Казахстан го преживеаја 29 лица – 38 загинаа

А1он