Водачот на опозицијата во Мјанмар, нобеловката Аунг Сан Су Ќи денеска изјави дека не верува дека сегашниот полувоен режим искрено сака да ја врати демократијата по полувековната воена управа.
Армијата и сега ја контролира политичката ситуација, а останувањето на делегираниот блок на пратеници од нејзиниот состав, кој има право на вето, не и дава шанса на демократијата, смета Аунг Сан.
Националната лига за демократија, опозициски блок што го води Аунг Сан Су Ќи смета дека евентуалниот бојкот на општите избори, планирани за оваа есен, останува како опција за партијата, но дека тоа не е најмудрото решение. Аунг Сан нагласи дека Националната лига за демократија има капацитет и е подготвена да ја раководи државата, а токму поради тоа таа се сомнева дека сегашниот претседател Теин Сеин бара изговор да ги одложи изборите.
Ослободена од 15 годишен куќен притвор во 2.010 година, Аунг Сан Су Ќи не доби право да са кандидира за претседател на Мјанмар. Амандманот на уставот, според кој ќе се укине забраната за кандидат на личност за претседател која во семејството има и странски државјани, пролетва ја помина парламентарната процедура, но беше ставен ад акта по ветото на армискиот блок во Парламентот.