АСЕАН апелираше до земјите побрзо да ги донесат националните планови за борба против климатските промени

Од:

Лидерите на земјите од Асоцијацијата на државите од југоисточна Азија (АСЕАН) повикаа што е можно поскоро да се изработат национални планови за борба против климатските промени, напоменувајќи оти е пожелно тоа да се случи многу порано од конференцијата на Обединетите нации за тој проблем, која е закажана за следната година.

Апелот е содржан во заедничката декларација, усвоена денеска од лидерите, кои се собраа на самитот на АСЕАН, во главниот град на Мјанмар, Најпидау.

АСЕАН инсистира националните планови во врска со климатските промени да бидат усвоени во првото тримесечие на следната година, се додава во декларацијата.

Освен тоа лидерите на АСЕАН ги повикаа развиените земји да покажат иницијатива и до март 2015 година да ги објават своите планови за намалување на емисијата на штетни гасови.

 – Климатските промени веќе им нанесуваат големи штети на земјите од организациите, се наведува во документот.

Би можело да ве интересира

Отворен самитот на АСЕАН во услови на тензии со Мјанмар

Ана Ололовска

Си: Кина нуди 1,5 милијарди долари за развојна помош на земјите од АСЕАН

Ана Ололовска

ВИДЕО: Држави од Азиско-пацифичкиот регион потпишаа најголем светски трговски договор за слободна трговија

Ана Ололовска

Северна Кореја одби учество на самит на АСЕАН

Ана Ололовска

Мун и Абе: Билатералните проблеми може да се решат единствено преку дијалог

Ана Ололовска

Трамп ги покани лидерите на АСЕАН на „специјален самит“ во САД

Ана Ололовска