Арета Френклин постхумно доби Пулицерова награда

Од:

Пулицеровите награди за придонес во новинарството и уметноста беа доделени синоќа на Универзитетот Колумбија во Њујорк. Меѓу лауреатите се новинските агенции Асошиејтед прес и Ројтерс, како и новинари од „Њујорк тајмс” и „Лос Анџелес тајмс”.

Наградите за фотографија ги добија британската агенција Ројтерс и весникот Вашингтон пост, а онаа за истражувачко новинарство отиде кај новинарите од „Лос Анџелес тајмс”.

„Питсбург пост газет” ја доби наградата за најнова вест, а „Саут Флорида сан сентинел” беше награден за известување за настани од јавен интерес.

Неодамна починатата соул пејачка Арета Френклин постхумно го доби специјалното признание за „неизбришлив петдецениски придонес кон американската музика и култура”.

Би можело да ве интересира

Доделени Пулицеровите награди

Ана Ололовска

Доделени Пулицерoвите награди

Ана Ололовска

Пулицерови награди за „Њујорк тајмс“, „Вашингтон пост“, „Њујоркер“ и „Ројтерс“

Ана Ололовска

„Њујорк тајмс“ освои три награди Пулицер, вклучувајќи и за руското влијание во странство

Ана Ололовска

„Њујорк тајмс“, АП и „Вашингтон пост“ добитници на Пулицеровата награда

Ана Ололовска

Доер и Гуиргис добитници на Пулицер за книжевност

Ана Ололовска