Арапската интервенција ќе продолжи до воспоставување на мир во Јемен

Од:

Саудискиот крал Салман на самитот на Арапска лига, што се одржува во египетското одморалиште Шарм ел Шејк, изјави дека арапската интервенција во Јемен ќе продолжи се додека не се постигне целта – воспоставување на мир, безбедност и стабилност.

Тој ги обвини јеменските бунтовници Хути дека се поддржани од странски сили со цел да се дестабилизира регионот.

Египетскиот претседател Абдел Фатах ал Сиси истакна дека насилството на екстремистичките групи е закана за арапските држави.

Генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки-мун апелираше до лидерите на арапските држави за мирно решавање на конфликтот во Јемен.

Според болнички извори за трите дена борби во јеменскиот град Аден загинаа 54 луѓе, а повредени се 187 лица.

Претходно, саудиската морнарица соопшти дека евакуирала повеќе десетици саудиски и странски дипломати од Аден.

Во меѓувреме Хутите зазедоа значителни делови од територијата во јужниот и во источниот дел на Јемен. Шиитските Хути и единици на армијата, кои им се придружија на бунтовниците, го зазедоа пристаништето Шакра, на брегот на Арапско Море. Шакра се наоѓа на околу 100 километри источно од Аден.

Главниот град на Јемен, Сана во текот на ноќта е бомбардиран, но се уште нема податоци дали бомбардирале авиони на коалицијата предводена од Саудиска Арабија.

Претходно, ОН соопшти дека дека почна да го евакуира персоналот од Сана поради безбедносната ситуација во Јемен. ОН има над 100 вработени во Сана, кои ќе бидат распоредени во неколку соседни држави.

Би можело да ве интересира

Саудиска Арабија го усвои Грегоријанскиот календар

Емир Латифовиќ

Речиси еден и пол милиони муслимани на аџилак во Саудиска Арабија

Емир Латифовиќ

Саудиска Арабија и „Мајкрософт“ се во војна заради еден единствен збор

Емир Латифовиќ

Атентаторот загина, две лица ранети во експлозија крај американскиот конзулат во Џеда

Емир Латифовиќ

Саудискиот принц бара средба со Бан Ки-мун

Емир Латифовиќ

Саудиска Арабија го повика Иран да престане да се меша во Ирак

Емир Латифовиќ