Апсења за шверц на коњско месо

Од:

Европол и шпанската цивилна гарда спроведоа заедничка операција која ја разоткри нелегалната продажба на коњско месо непогодно за консумирање. Откриени се илегални кланици, а уапсени се 41 лице.

Групата ја сочинувале лица задолжени за колење животни без потребни контроли, возачи и ветеринари кои издавале лажни документи. На крајот од синџирот беа месарници кои продаваа коњско месо непогодно за консумирање. Месото кое не може да се следи се продавало на шпанскиот, но и на белгискиот, германскиот и италијанскиот пазар.

„Истрагата доведе до откривање на голема криминална мрежа поврзана со бројни кривични дела, вклучувајќи измама со храна, перење пари и фалсификување документи“, објави Европол.

Тие фалсификувале документи и со тоа оневозможиле трага на коњското месо. Истрагата опфатила и шест фирми инволвирани во овој случај, а акции се вршени и во Белгија.

За време на рациите во Шпанија, запленети е половина тон од ова месо, несоодветно за консумирање.

Европол известува дека осомничените коњи се набавени во Шпанија бесплатно или по многу ниска цена од 100 евра по животно. Не биле наменети за пазарот на храна, но профитот бил голем.

Од 2019 година, дивите трговци имаат комплетна фабрика и почнаа да извезуваат месо на други пазари во Европа. Шпанската полиција открила тајни објекти и пронашла 80 коњи кои биле злоупотребувани и запоставени. Тие биле болни и сместени во несоодветни објекти со лоши услови и недостиг на вода и храна, што, како што се истакна, претставува голем ризик за развој на зоонози – болести преносливи на човекот.

Според извештаите, криминалците за една нелегална пратка добиле 35.000 евра, со проценет промет од 4,5 милиони евра. Остварен е незаконски профит од околу 1,5 милиони евра.

Не е првпат Европол да организира вакви акции. Сличен скандал се случи и во 2017 година кога беа уапсени 66 лица кои учествуваа во меѓународната илегална трговија со коњско месо низ Европа.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Диви коњи прошетаа низ улиците на Сараево

А1он