Властите на Мјанмар денеска соопштија дека во државата се амнестирани 6.966 затвореници, меѓу кои има и 150 кинески државјани, кои минатиот месец беа осудени на казни затвор од 20 години поради илегално сечење дрва во мјанмарските шуми.
Меѓу амнестираните има и 60 други странски државјани.
Простувањето на затворските казни е лична одлука на мјанмарскиот претседател Теин Сеин, кој во директивата до затворските власти побарал да не згрешат и да биде ослободен некој затвореник „кој не е превоспитан“.
Функционери на Министерството за внатрешни работи и информации, кои ја соопштија веста за амнестијата, одбија да кажат дали меѓу лицата на кои им е простена казната има и политички затворенуици.
Медиумите најавија дека на оваа тема ќе се огласи и опозицијата, од како ќе има увид во списокот на ослободените затвореници.