Саудискиот крал Абдула изјави дека молчењето на светот за израелските „воени злосторства“ во Појасот Газа е „непростливо“.
– Гледаме како крв на нашите браќа во Палестина се пролева во колективни масакри, во кои никој не е поштеден и кои претставуваат злосторства против човештвото, наведе саудискиот крал во говор објавен од државни медиуми.
Тој нагласи дека сето тоа се случува пред очите на меѓународната заедница која „ладнокрвно ги следи случувањата во целиот регион“.
– Молчењето е непростливо, наведе Абдула. Тој предупредува дека поради борбите во Газа ќе дојдат генерации деца кои нема да знаат ништо друго освен јазик на насилство.