Претседателот на палестинската управа Махмуд Абас денеска изјави дека Палестинците се соочуваат со „неспоредлива геноцидна војна“.
Тој ги повика САД да извршат притисок врз Израел да ја запре офанзивата врз Газа, објави Ројтерс. Говорејќи на вонредниот заеднички исламско-арапски самит во саудискиот главен град Ријад, Абас исто така рече дека на Палестинците им е потребна меѓународна заштита поради израелските напади.
„Америка е одговорна за фактот дека нема политичко решение за конфликтот на Блискиот Исток…Ќе ги гониме воените злосторници пред меѓународните судови, а Соединетите Американски Држави ќе бидат одговорни за неуспехот да се реши кризата“, рече Абас.