Абади ги повика борците на ИД во Мосул да се предадат

Од:

Ирачкиот премиер Хајдер ел Абади ги повика денеска борците на Исламска држава во Мосул да се предадат. 

Абади тој повик го упати преку државната телевизија, каде се појави во маскирна униформа, за време на посетата во Шури, град јужно од Мосул, каде беше да ја посети војската. 

– Ќе ја затвориме ИД од сите агли и со божја помош, на змијата ќе и ја исечеме главата, порача Абади. 

– ИД нема да има излез, нема да има каде да побегне, истакна Абади и ги повика борците на ИД да се предадат. 

– Или ќе се предадете или ќе умрете, нагласи ирачкиот премиер. 

– Ирачката војска претходно денеска навлезе во една населба во Мосул, што е првпат владините сили да влезат во тој град по двонеделните борби во околните области, во рамки на офанзивата, при што цел е протерување борците од Исламска држава (ИД) од градот, изјави претсавникот на ирачката војска, генерал Висам Аранџи.

– Војската навлезе во Мосул. Сега се борат во населбата Хај ал Карама, изјави генералот Висам Аранџи од Антитерористичката служба, чии припадници се обучувани од САД.

Тој се наоѓа во Базваји, село источно од Мосул, од каде претходно денеска беше потисната ИД. Аранџи нагласи дека ирачките сили ќе продолжат да напредуваат во Карама, се додека силите на другите фронтови не напредуваат доволно за да „им го штитат грбот“.

Антитерористичките единици ја продолжија денеска офанзивата по минатонеделата пауза на источниот фронт, откако напредуваа побрзо отколку силите на другите фронтови, за да им овозможат да ги стигнат и да е приближат до градот.

Ирачките сили за безбедност и курдските борци Пешмерга ја почнаа офанзивата на 17 октомври со воздушна и копнена поддршка на коалицијата, предводена од САД, против сунитските екстремисти.

Проиранските ирачки шиитски милитантни групи се придружија кон борбите во саботата, со цел да го пресечат патот за снабдување на ИД од Мосул до Рака, главно упориште на ИД во Сирија.

Битката за Мосул, каде и натаму живеат 1,5 милиони луѓе, би можела да стане една од најжестоките во немирната деценија, откако со инвазија на САД од власт е соборен Садам Хусеин во 2003 година.

Би можело да ве интересира

Околу 670.000 бегалци од Мосул се уште не се вратени во своите домови

Наум Локоски

Откриени се две масовни гробници покрај затворот на ИД во Мосул

Наум Локоски

Првпат по три години во Мосул пристигна голема хуманитарна пратка

Наум Локоски

Ирачките власти во Мосул уапсиле германска тинејџерка припадничка на ИД

Наум Локоски

Ирачкиот премиер прослави победа во Мосул

Наум Локоски

ЕУ: Ослободувањето на Мосул одлучувачка етапа во борбата против тероризмот

Наум Локоски