800 пожарникари го гасна пожарот во Словенија

Од:

Уште е активен големиот пожар во Словенија. Во словенечкиот регион Крас синоќа околу 800 пожарникари се обидувале да го задржат пожарот под контрола и гаснеле „помали жаришта”.

Поради густиот чад жителите од 10 села превентивно се евакуирани.

Во гаснењето на пожарот денеска ќе се вклучат и 11 хеликоптери, а се очекува во интервенцијата да се вклучи и хрватскиот канадер.

– Се надеваме дека пожарникарите со поддршка од воздух денеска ќе успеат да го ограничат пожарот.

Според метеоролозите дожд во регионот на пожарот се очекува следната недела, најверојатно во вторник.

На 20 јули пожарот од Италија се прошири и во Словенија. Тоа е најголем пожар досега во Словенија.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Драма во Словенија: Пожарникари биле опколени од оган, но ги спасил канадер

Беснее пожар во Словенија, пожарникарите од умор паѓаат од нозе

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Пожар ја зафати Словенија, огнот стигна до границите на Италија и Австрија

Горан Наумовски