Сеизмолозите регистрираа уште 42 земјотреси, од кои најсилниот е со јачина од 6,6 степени според Рихтеровата скала.
Епицентарот на земјотресот, кој се почувствувал дури и во Каиро, се наоѓал северно од турскиот град Газиантеп, во област на околу 90 километри од границата со Сирија. Земјотресот бил почувствуван на Кипар и Либан, објави претходно Ројтерс.