Турција е на нозе по серијата страшни земјотреси, од кои најсилните беа со јачина од 7,8 и 7,7 степени според Рихтеровата скала рано утринава во околината на Газиантеп на југоистокот од земјата.
Над 1.500 луѓе загинаа, а причинета е огромна материјална штета, бидејќи голем број згради беа срамнети со земја. По ударот, бројни згради едноставно паднаа како кули од карти.
Дополнителен проблем е фактот што се се случувало наутро кога луѓето спиеле. Веќе пристигнаа вести за многу спортисти кои беа погодени од оваа голема елементарна непогода, па под урнатините е и голманот на Малатија, исто како и познатиот Кристијан Ацу. Спасувачките служби се обидуваат да стигнат до нив.
Based on the report, 14 other female volleyball players and 30-40 wrestlers of the national wrestling team are also trapped under debris.
Read more here:https://t.co/xbM3gVtlGQ
— Gurbaksh Singh Chahal (@gchahal) February 6, 2023
Страшна вест пренесува и „Хуриет“, од каде известуваат дека дури 14 одбојкарки од Хатај биле затрупани под урнатините на една зграда.
Турскиот весник наведува дека се работи за зграда во која живееле заедно, но ништо не се наведува за нивната состојба. БНН Нетворк наведува дека во урнатините неофицијално има меѓу 30 и 40 репрезентативци во борење. Службите се на терен.