14 години затвор за руски писател кој ја критикуваше агресијата врз Украина

Од:

Меѓународно признатиот руски писател Борис Акуњин беше осуден во отсуство од московски суд на 14 години затвор за неговата наводна поддршка на тероризмот.

Адвокатот се залагаше неговиот клиент да биде прогласен за невин поради недостаток на докази, објави руската државна новинска агенција ТАСС.

Авторот на бестселери постојано го критикуваше руското раководство предводено од Владимир Путин, како и војната што Русија ја води против Украина.

Акуњин е роден во Грузија како Григориј Чхартишвили. Руските власти го прогласија за странски агент“ и го обвинија за поддршка на тероризмот. Овој 69-годишник живее во егзил со години, вклучително и во Обединетото Кралство.

Минатата година, во интервју за британскиот весник Стандард“, тој рече дека воопшто не е заинтересиран за судските постапки покренати против него и дека, од негова перспектива, во Русија повеќе нема вистински судови.

Акуњин е автор на бројни криминалистички романи, од кои многу се објавени во странство. Поради критиките за руската војна против Украина, неговите книги беа повлечени од продажба во Русија пред три години.

Би можело да ве интересира

Американците со итно предупредување: Наскоро е можен масовен напад врз Украина

А1он

Валентина Матвиенко: Зеленски зборува за избори за да го одложи мировниот договор

А1он

Украинските сили тврдат дека оштетиja руски воени објекти на Крим

А1он

Русите осудија Колумбиец на 19 години затвор – се бореше за Украина

А1он

Руски напад врз Украина – погодени станбени згради и складишта за храна, има повредени

А1он

Бројот на загинати во рускиот напад врз украинскиот град Тернопол се зголеми на 25

А1он