(ВИДЕО) Во Драч уапсени двајца членови на криминалната група „Беланоца“

Од:

Врз основа на информација од македонската полиција, во Драч, Албанија спроведена е меѓународна полициска операција во која лишени од слобода се М.Џ.(26), роден во Скопје и С.Н.(34), роден во Норвешка, двајцата припадници на организираната криминална група „Беланоца“, за кои Интерпол има издадено меѓународни потерници за сторени кривични дела „убиство”, „убиство во обид”, „тешка телесна повреда”, „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи” и „злосторничко здружување”.

При лишувањето од слобода, кај лицата пронајдени се фалсификувани лични документи, за кои постои сомнение дека ги користеле за да ја напуштат територијата на нашата држава и да ја избегнат правдата.

Би можело да ве интересира

Започна судењето против криминалната група Беланоца – Барон

А1он

Обвинителен акт против девет припадници на организирана криминална група „Беланоца – Барон“

А1он

МВР: Уапсени се четворица осомничени криминалци во акцијата „Букнер“

А1он

Апсење на члeнови на „Беланоца-Барон“ за убиствата на Пластичарска и во Ханиоти

Пронајдено автоматско оружје во Арачиново, продолжува акцијата на полицијата