Трајче Георгиев со 5 гласови се пласираше меѓу најдобрите 20 и го продолжи натпреварувањето во Пинкови ѕвездички. Тој ја испеа песната Nobody’s Perfect од Џеси Џеј.
„Јас обожавам како пее. Иако имаше падови и успеси низ ова шоу тоа е Трајче, тој е автентичен. Овие украси кои тој ги изведува се многу тешки, особено за момче. Би сакала да работиш на таа дарба, да уживаш повеќе и да се опуштиш“, му рече Јелена Томашевиќ.
„Јас очекувам уште повеќе од тебе. Тоа е тоа што слушаш, што го сакаш и што го пееш. Пеам заедно со тебе и уживам“, искоментира Милан.
„По 38 емисии, дали нешто разбра од тоа што ти го зборуваме“, низ насмевка го праша Гоца и додаде супер беше.