(ВИДЕО) Спалети ги загуби нервите: „Ќе те удрам!“

Од:

Тренерот на Јувентус, Лучано Спалети (67), се најде во центарот на вниманието откако наводно му се закани на својот играч Хуан Кабал (25) за време на победата на тимот од Торино на гостински терен против АЗ Алкмар (1:2) во четвртото коло од Лигата на Европа.

Италијанските медиуми пишуваат дека Спалети ја изгуби контролата по неколку грешки во одбраната, му се приближи на колумбискиот дефанзивец и му се закани дека ќе го удри.

Според „Gazeta delo Sport“ и „Кориере дело Спорт“, Спалети целосно ја изгуби контролата по тој момент, па почна да му вика в лице и да гестикулира со рацете.

Од телевизиската снимка може да се прочита од неговите усни: „Ќе те удрам. Разбираш ли? Разбираш ли?“

Италијанските медиуми известуваат дека Спалети бил особено лут поради недостатокот на концентрација кај неговите играчи во завршните минути.

По двата гола во првото полувреме, Јувентус имаше предност, но поради грешките во одбраната, победата дојде во прашање.

Кабал ги ислуша забелешките на тренерот, а ситуацијата набргу се смири.

По средбата, Спалети не се осврна на конфликтот со Кабал, туку зборуваше за проблемите на својот тим во одбраната и при носењето одлуки.

Би можело да ве интересира

Јувентус e декласиран во Истанбул

УЕФА отвора постапка против Јувентус

Франциско Консеисао е нов играч на Јувентус