(ВИДЕО) Се рушат бесправно изградени објекти на кејот на Вардар во центарот на Скопје

Од:

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, информираше дека е започната сеопфатна акција за расчистување на бесправно изградените и узурпирани објекти, со цел заштита на јавниот интерес и обезбедување слободно, безбедно и достоинствено користење на јавните површини.

Акцијата, како што рече, се спроведува без никакви отстапки, со јасна порака дека јавниот простор им припаѓа на граѓаните и мора да биде достапен за сите под еднакви услови.

„Ги повикувам граѓаните на Скопје активно да се вклучат, да пријават објекти што го окупираат заедничкиот простор и да помогнат да изградиме град во кој владее ред, достоинство и еднаква пристапност за сите. Заедно градиме град каков што заслужуваме“ напиша Ѓорѓиевски на Фејсбук.

Би можело да ве интересира

Левица: Под притисок од јавноста Орце Ѓорѓиевски се повлече од наплата на паркинг на аеродромци

А1он

СДСМ: Му се извинуваме на Орце Ѓорѓевски што му ја отворивме најболната тема

Сопругата на Орце Ѓорѓиевски: Какви 30 илјади долари, чантата е купена на попуст од 944 денари

Катерина Ѓуровски

Ѓорѓиевски: Наследивме целосен колапс на градот, влеговме директно во срцето на проблемот

А1он

Ѓорѓиевски: Даноците и цената на паркингот ќе останат исти

А1он

100 нови автобуси за Скопје, објави градоначалникот Ѓорѓиевски