Потегот на Стевче Јакимовски кој сепак ќе се трка за градоначалник на Карпош надвор од одлуката на СДСМ,Александар Петрески градоначалникот на Охрид го оцени како неодмерен и штетен за сите, а најмногу за самиот Јакимовски.
„Тоа е неодмерен потег. Не е во ред и тоа на сите ќе им донесе штета, а најмногу на него.Мислам дека ќе остане осамен во неговата кандидатура“, рече Петрески.