(ВИДЕО) Манасиевски: Рашковски фатен со 20 илјади евра на граница за кои немал покритие

Од:

Скандали и афери не престануваат да го следат СДС, Рашковски фатен со 20 илјади евра на граница за кои немал покритие. Поранешниот генерален секретар на Владата на Заев, Филипче и СДС, Драги Рашковски, во текот на вчерашниот ден бил фатен на граничниот премин Ново Село, со сума од 20 илјади евра кеш за кои немал покритие. За Рашковски и СДС не е изненадување да бидат дел од некаков криминален или пак коруптивен скандал, па затоа да ја потсетиме јавноста за минатото на Рашковски, кој важи за близок соработник на Заев и на Филипче“ рече денеска на прес-конференција Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.

Манасиевски рече дека Рашковски беше обвинет и осуден за случајот “Софтвери”, како поранешен генерален секретар на владата на Заев, Филипче и СДС, каде што набави софтвери, за кои никој немал ниту побарување, ниту пак претходно такво нешто било употребувано. Со оваа набавка Рашковски ја злоупотребил службената положба и го олеснил Буџетот за над 18 милиони денари“.

Рашковски беше обвинет и осуден за перење на пари, со што според обвинителството, било овозможено четири компании да стекнат нелегитимна добивка од на 17 милиони денари. Матрицата на СДС не се менува, низ неа поминаа и сеуште поминуваат криминалци. Секојдневно СДС е полн со афери и скандали. Ги прашуваме и СДС и Рашковски, дали овие пари со кои бил фатен на граница се дел од перените пари од случајот “Софтвери”? Дали СДС ќе се огради од Рашковски, а со тоа и од Заев кој важи за најблизок соработник своевремено на Рашковски? Дали СДС има намера да се реформира и да почне да внесува чесни луѓе кои треба да им ја водат партијата, а не вакви како Рашковски, Заев и Филипче?“ праша Манасиевски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Манасиевски: Четворица адвокати на Заев ги убедувале обвинителите од СЈО да се ослободат лица од притвор

(ВИДЕО) Манасиевски: Луѓе на Спасовски вршеле притисок врз обвинители од СЈО кои луѓе да се гонат, СЈО работело под насока на Заев и СДС

(ВИДЕО) Манасиевски: Режиран политички театар на СДС и Левица

Манасиевски: Работниците останаа без 600 евра минимална плата поради ССМ

(ВИДЕО) Манасиевски: ССМ и Слободан Трендафилов одбиле 40% покачување на платите во следните 2 години на штета на работниците

Манасиевски: По толку големи реформи во СДС, Венко отиде на заслужен одмор дома во Дубаи