Лидерот на партијата Тиса која вчера победи на изборите во Унгарија – Петар Маѓар упати порака до поранешниот македонски премиер, Никола Груевски, најавувајќи радикална промена во политиката на азил. Рече дека Унгарија под негово водство ќе престане да ги штити странските политичари со криминално досие.
„Унгарија нема да биде засолниште за меѓународни криминалци. И тоа не важи само за нив, туку и за г-дин Никола Груевски, поранешниот македонски премиер, кој исто така е осуденик“, изјави Маѓар.
Тој иронично им порача на политичките бегалци кои во моментов уживаат заштита од владата на Орбан, но посочи дека нивниот престој во Унгарија е привремен.
Маѓар нагласи дека сите лица со правосилни пресуди ќе бидат екстрадирани во нивните матични земји.
За случајот со Груевски, кој доби политички азил во Будимпешта во 2018 година за да избегне затворска казна во Македонија, Маѓар порача: „Ќе најдеме начин да ги екстрадираме“.
