Вулканот Етна денеска еруптираше, а драматични снимки од Сицилија се шират на социјалните мрежи. Вулканот проработе во време кога кај него имаше поголема група туристи.
Europe’s tallest active volcano, Mount Etna, has begun erupting in Italy. pic.twitter.com/aR8Ha1IxR5
— NEXTA (@nexta_tv) June 2, 2025
Националниот институт за геофизика и вулканологија, опсерваторија Етна во Катанија, ја објави ерупцијата на вулканот. Ерупцијата била предизвикана од пирокластичен тек, се сомнева дека ерупцијата е предизвикана од колапс на материјал од северниот дел на југоисточниот кратер.
Како што може да се види на социјалните мрежи, група туристи кои се во близина на кратерот веднаш почнаа да се спуштаат.