(ВИДЕО) Го украдоа Макрон

Од:

Восочна фигура на францускиот претседател Емануел Макрон е украдена од познатиот музеј Гревен во Париз, објави телевизијата BFM.

Инцидентот се случи денеска во раните утрински часови.

Според прелиминарните резултати од истрагата, две жени и еден маж, откако го посетиле музејот како обични туристи, се пресоблекле во униформи на вработените и ја изнеле восочната фигура на Макрон вредна 40.000 евра, која не била прикачена.

Крадците избегале низ противпожарните скали, криејќи ја фигурата под ќебе. Подоцна, еден од нив, кој се претставил како активист на Гринпис, контактирал со музејот и ја презел одговорноста за акцијата.

Набргу потоа, скулптурата била видена пред руската амбасада во Париз, каде што се одржал краток протест против економската соработка меѓу Франција и Русија.

Музејот Гревен, сместен на ридот Монмартр, е основан во 1882 година по лондонскиот Мадам Тисо и чува околу 450 фигури што прикажуваат историски и културни личности од Франција.

Би можело да ве интересира

Макрон: Иран мора да ги запре нападите

А1он

Макрон по петти пат за десет дена го свикува Националниот совет за одбрана

А1он

Макрон му порача на Иран: Веднаш запрете ги нападите врз земјите од регионот

А1он

Макрон: Франција не води војна на Блискиот Исток

„Ова е отров“ – Макрон и Мерц за заканата на Трамп за повисоки царини

А1он

Дипломатски конфликт по смртта на десничарски активист – Макрон и Мелони во отворена „војна“

А1он