Сето ова што се случува со заканите за бомби во училишта и институции е резултат на кризата и пандемијата, вели Стојан Бајрактаров, директор на Клиниката за психијатрија во Скопје. Во интервју за „А1он“ тој посочува во кој момент лицата кои се стресени од заканите за бомби треба да побараат стручна помош.
Очекувани состојби се страв, паника, покачено ниво на анксиозност и несоница на кои треба да се работи за да се одржи менталното здравје.
Сите заедно, Бајрактаров вели дека треба да учиме од Израел како да станеме отпорни на заканите. Тоа е земја која е под континуиран стрес од закани за бомби и разни видови тероризам како резултат на кои развила најдобри програми во светот за отпорност и на возрасните и на децата.
„Дијазепамот“ е широко прифатено средство за смирување, но Бајрактаров вели дека не е решение. Во интервјуто објаснува како најбезбедно да се помине периодот на закани од бомби.