Во Јужна Кореја регистрирани 116 „реактивирани“ случаи со Ковид-19

Од:

Јужна Кореја соопшти дека 116 луѓе се повторно заразени со коронавирусот, откако претходно биле излекувани.

Јужнокорејските здравствени власти ги испитуваат „реактивираните“ случаи, што се појавија во време кога Владата најави олеснување на ригорозните мерки воведени поради епидемијата.

Директорот на Корејскиот центар за контрола и превенција на болестите Џон Ун-кон наведе дека најверојатно станува збор за реактивирање на вирусот, а не за повторно инфицирање на пациентите.

Додека според други експерти можно е тестовите да биле неисправни.

Но, дел од експертите тврдат дека вирусот може да се најде во организмот на пациените, но да не претставува опасност за пациентот или другите луѓе.

Јужнокорејските здравствени власти пред една недела соопштија за 51 таков случај, а сега нивниот број се искачи на 116.