ВИДЕО: Невидена тепачка во НФЛ, двата тима се обидуваа да ги разделат Вимс и Гарднер-Џонсон

Од:

На натпреварот во професионалната лига во американски фудбал (НФЛ) меѓу Чикаго Беарс и Њу Орлеанс Сејнтс, дојде до тепачка каква што ретко се гледа на кој било спортски терен.

По една акција, широкиот примач на гостите, Џејвон Вимс, му пријде на домашниот играч, со когошто немаше директен контакт во акцијата, Гарднер-Џонсон, и сосема неочекувано го удри со бокс во главата. Збунетиот Гарднер-Џонсон, заштитен од кацигата, само гледаше кон напаѓачот, кој го повтори ударот, по што настана хаос во кој двете екипи се обидуваа да ги разделат тепачите.

Според снимките од натпреварот, поводот за бруталниот напад биле претходни несогласувања меѓу Гарднер-Џонсон и соиграчите на Вимс. Двајцата играчи се во очекување на казните за инцидентот.

Би можело да ве интересира

Том Брејди потврди дека се повлекува по 22 години и 7 титули

А1он

ВИДЕО: Вечниот Том Брејди го освои „Супербоул“ и со Тампа Беј

Катерина Ѓуровски

Израмнет рекорд стар 91 година во НФЛ лигата

Ана Ололовска

Прв случај на КОВИД-19 во НФЛ

Ана Ололовска

Кејн: Сакам да играм во НФЛ

Ана Ололовска

Бејкер Мејфилд избран под број 1 на Драфтот на НФЛ

Ана Ололовска