(ВИДЕО) Јелена Докиќ откри каква тортура трпела од нејзиниот татко

Од:

Пред извесно време поранешната тенисерка на српската репрезентација Јелена Докиќ откри низ каков пекол минувала откако била жртва на психичко и физичко малтретирање од страна на нејзиниот татко Дамир Докиќ, а сега откри нови детали од тортура на јавноста.

Докиќ во подкаст изјави дека татко ѝ ја тепал уште кога за првпат стапнала на тенискиот терен и дека тоа продолжило во текот на целата нејзина кариера.

– Кога почнав да играм тенис и ја удрив првата топка, татко ми ме претепа, а работите се влошија зад затворени врати.

Нејзиниот најголем успех беше во 2000 година, кога играше во полуфиналето на Вимблдон. Таму била „запрена“ од Линдзи Девенпорт, по што татко и се налутил и ја оставил да спие на улица.

– Бев полуфиналист на Вимблдон, седам во делот за играчи, плачам и го слушам татко ми како вели дека сум срамота и дека го уништив и моето семејство и него затоа што загубив во полуфиналето на Вимблдон. Не смеев да одам во хотелот и ми рече да правам што сакам, да се снајдам, да спијам на улица и да не можам да се вратам. Останав на Вимблдон, чекав сите да си заминат и отидов до аголот на секторот за играчи, да имам каде да останам и да спијам таму. Ме најдоа среде ноќ, бидејќи чистачките го чистеа местото ноќе – раскажала тенисерката.

Јелена Докиќ е тренер од 2014 година, откако престана да игра.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Јелена Докиќ: Со часови седев гола, а тој ме маваше со каиш

Ана Ололовска