Тврдења од Косово: Србија гради воена база токму на границата

Од:

Пратеничката на Демократската партија на Косово, Ганимете Муслиу, откако го сослуша директорот на Косовската разузнавачка агенција, изјави дека безбедносната состојба на север е нестабилна, наведувајќи дека во реонот на Извор се гради воена база.

Директорот на Косовската разузнавачка агенција Петрит Ајети заврши со поднесување извештај до Комисијата која ја надгледува оваа агенција.
Претседателката на Комисијата Ганимете Муслиу за медиумите потврди дека Србија гради воена база во близина на границата со Косово, пренесува Телеграфи.

„Војската беше забележана на границата, беше потврдено дека се гради воена база во добро познатата област Извор. Значи, ова се гради во близина на границата со Косово. Тоа го потврдија и снимките од дрон. Безбедносната состојба е кревка и напната, мора да бидеме внимателни од евентуални провокации“, рече Муслиу.

Понатаму, Муслиу рече дека сега треба да бидат сите заедно, и позицијата и опозицијата, бидејќи е загрозена безбедноста на државата.

САД и Германија побараа од Србија да повлече дополнителни војници од границата со Косово, а од Србија одговорија дека не се информирани добро и не постои никакво движење на војската кон границата.

Би можело да ве интересира

Военото раководство на Србија демантира дека сакале да влезат во Косово: Навреда за интелектот

Еден од убиените Срби е Игор Миленковиќ, возач на Брза помош

Вооружена група упаднала во манастир во косовското село Бањска, се слушаат истрели

Предраг Петровиќ

ЕУ: Итно формирање на ЗСО на Косово

Предраг Петровиќ

Делегација на НАТО, предводена од заменик-секретарот Џоана во посета на Косово

На косовските полицајци им е забрането одење во кафеана и во џамија додека се на служба

Наум Локоски