А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Uncategorized

Ловен: Ќе броиме илјадници починати

by А1он04/04/2020 - 08:5704/04/2020 - 10:47364
Share0

Шведска ќе мора да се подготви за илјадници починати од новиот коронавирус, изјави премиерот на земјата Стефан Ловен.

Добивај вести на вибер

– Ќе броиме илјадници починати. Мораме да се подготвиме на тоа, истакна Ловен во интервју за шведски дневен весник, додавајќи дека земјата се соочува со криза поради бројот на луѓе на кои им е потребна помош и поради намалениот економски раст.

Тој предупреди дека пандемијата на Ковид-19 ќе трае со „месеци, а не недели“.

– Се одлучивме за стратегија на зарамнување на кривата, да спречиме драматичен пораст на заразени, бидејќи нашиот здравствен систем нема да може да се справи со тоа, изјави Ловен.

Евентуалниот неуспех во спроведувањето на таква стратегија ќе значи, како што предупреди шведскиот премиер, „повеќе пациенти на интензивна нега и значително повеќе починати“.

Шведска во однос на соседните земји, Данска и Норвешка, воведе многу поблаги мерки во борбата против коронавирусот. Властите соопштија дека има 612 нови случаи на заразени со Ковид-19 и сега се вкупно 6.000, а бројот на смртни случаи достигна 333, односно дневно меѓу 25 и 30 луѓе.

FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен