35-годишниот романски монах, кој беше уапсен на Света Гора под обвинение дека претепал 53-годишен белоруски монах на имотот на манастирот Хиландар, останува во притвор.
Против него беше поведена кривична постапка за нанесување тешки телесни повреди и беше упатен на судење пред Прекршочниот суд во Солун, од каде побара одложување. Барањето било прифатено и рочиштето било закажано за денеска, но судот одлучил дотогаш да го задржи во притвор и покрај спротивниот предлог на обвинителот, пишува грчкиот портал Лифо.
Да потсетиме, инцидентот, како што пренесуваат грчките медиуми, се случил во неделата попладне на имотот на Светиот манастир Хиландара. Двајцата монаси се чини дека конзумирале алкохол, а причина за тепачката било наводно несогласување за доктринарно прашање, се наведува во списите на случајот.