Генерал-мајор на руското Министерство за внатрешни работи Владимир Макаров, кој минатиот месец беше разрешен од функцијата заменик-командант на анти-екстремистичкиот оддел, беше пронајден мртов откако извршил самоубиство, јави ТАШ.
Руските власти го користат терминот „екстремист“ за да опишат голем број опозициски групи, како што се критичарот на Кремљ Алексеј Навални и неговата Фондација за борба против корупцијата, или медиуми забранети поради организирање антивладини протести или објавување информации штетни за државата, наведува Ројтерс.
Макаров (72) е пронајден мртов во селото Гликово кај Москва. Обезбедувањето ни кажа дека се самоубил“, соопшти ТАС. Независниот телеграмски канал VChK-OGPU ги цитира роднините кои велат дека Макаров паднал во депресија откако бил сменет. Се додава дека го пронашла жена му со оружјето до себе.