Повратникот во Јувентус Пол Погба би можел да го пропушти стартот на новата сезона. Францускиот репрезентативец не отпатува во Далас на мечот со Барселона, тој треба да оди на специјалистички преглед.
Французинот почувствува болка во коленото на тренингот пред два дена. Во клубот стравуваат дека се работи за менискусот, поточно надворешните лигаменти на коленото, што сигурно би го одложило дебито на официјалните натпревари.
Има две опции како се лекува ова повреда, со одмор и мирување што практично го исклучува за првиот натпревар сезонава против Сасуоло во средината на август, а вториот е операција.
Во тој случај, закрепнувањето на Погба ќе трае два месеци и тој би можел да биде подготвен дури по репрезентативната пауза во втората половина на септември.
Погба е клучот и лидерот на новиот Јувентус, иако клубот се обидува да го засили средниот ред, Рабио и Артур треба да направат простор за доаѓањето на Паредес од Пари Сен Жермен.
Извор: Топспорт