Обвинет синот на Џо Бајден, не платил 1,4 милиони долари данок

Од:

Синот на американскиот претседател Џо Бајден, Хантер, се соочува со нови кривични пријави затоа што не платил данок од најмалку 1,4 милиони долари, додека трошел милиони на раскошен начин на живот. Според обвинението поднесено во Окружниот суд во Централна Калифорнија, тој е обвинет за три кривични дела и шест прекршоци поврзани со данок.

Од Министерството за правда соопштија дека истрагата е во тек, а доколку биде прогласен за виновен по обвиненијата му се заканува затворска казна до 17 години. Тој е обвинет дека не платил најмалку 1,4 милиони долари федерални даноци од 2016 до 2019 година, додека потрошил милиони долари на екстравагантен начин на живот.

Во вчерашното обвинение се наведува дека Хантер Бајден „заработил добри пари“ додека служел во одбори на украински индустриски конгломерат и кинески приватен капитал. Но, како што се зголемувале неговите приходи, така се зголемувале и неговите трошоци. Само во 2018 година, според обвинението, потрошил повеќе од 1,8 милиони долари, но не платил воопшто данок.

Се споменува дека, меѓу другото, потрошил пари на дрога, ескорт дами, луксузни хотели, автомобили и облека, а потрошил повеќе од 70.000 долари за рехабилитација од зависност. Тој претходно се соочи со обвиненија за затајување данок, а во октомври пред судот во Делавер се изјасни за невин по обвинението дека лажел за неговата употреба на дрога кога купил пиштол.

Хантер Бајден е честа тема во медиумите поради неговата зависност и екстремното однесување како што се брзо возење или објавување фотографии на кои е гол или зема дрога, а исто така во фокус беше и неговата вмешаност во украинската енергетска компанија Бурисма додека неговиот татко беше потпретседател на САД.

Поранешниот член на одборот Девон Арчер на сослушување во Конгресот во август изјави дека Хантер тогаш предложил „илузија“ за пристап до власта, пренесува Ројтерс. Џо Бајден негираше дека некогаш ја искористил својата позиција за да му помогне на својот син.

Би можело да ве интересира

Хантер Бајден прогласен за виновен

Хантер Бајден: Татко ми не беше вклучен во моите работи

Информатор на ФБИ е обвинет дека лажел за аферите на синот на Бајден

Синот на Бајден обвинет за затајување данок, трошел пари на ескорт дами, дрога, автомобили…

Горан Наумовски

Државниот обвинител доби нови овластувања во истрагата против Хантер Бајден

Не се постигна спогодба за признавање на вина на Хантер Бајден